недела, 3 ноември 2024

Групата Вагнер тврди дека ја презела контролата над Бахмут, „од правен аспект“

Објавено на

часот

Сподели

„Од правна гледна точка, Бахмут е заземен. Непријателот е концентриран во западните делови“, рече Пригожин во аудиопорака објавена на Телеграм.

Сепак, украинските власти немаат ни навестено дека Бахмут паднал во руски раце. Пригожин и претходно има изнесувано тврдења за кои излегло дека се преуранети.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека воената ситуација е „особено жешка“ околу Бахмут, каде што продолжуваат повеќемесечните напори на Русија да го заземе градот, што е најдолгата битка од почетокот на руската инвазија.

„Им благодарам на нашите војници што се борат во Авдиивка, Марјинка и Бахмут. Особено во Бахмут“, рече Зеленски во своето ноќно видеообраќање.

„Таму е особено жешко“, додаде тој.

Руските сили со месеци се обидуваат да го опколат и заземат Бахмут, град што имаше 70.000 жители пред да почне руската инвазија, пред повеќе од една година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ