сабота, 27 јули 2024
Министерот уверува дека повеќе нема заканувачки мејлови

Групата од Иран и Русија која ги правела лажните дојави за бомби во Македонија е лоцирана, вели Спасовски

Објавено на

часот

Сподели

„Имаме лоцирано една група. Во моментот се работи на вештачењето на материјалите и потврдување на доказите за да можат да бидат поднесени кривичните пријави. На тој начин еден дел од тие криминални активности за дојавите за бомби ќе биде целосно расчистен и затворен. Тие се лоцирани врз основа на преземени криминалистички активности од страна на секторот за борба против тероризмот, секторот за компјутерски криминал и секторот за меѓународна полициска соработка. На самиот почеток, кога почнаа ваквите напади изјавивме дека секојдневно работиме заедно со сите меѓународни релевантни фактори. Целосните детали ќе можеме да ги соопштиме кога ќе заврши обезбедувањето на доказите и поднесувањето на кривичните пријави“, рече министерот Спасовски.

Тој најавува дека вештачењето прецизно ќе покаже во кој период биле лажните дојави и кон кои институции иако е извесно дека со оваа истрага се опфатени дојавите од јануари годинава, кога беа интензивирани нападите.

Тој уверува дека повеќе не стигнуваат дојави за бомби во училиштата по одлуката за дојавите да не се јавува преку медиумите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ