Овој чекор преставува значителна пресвртница во плановите на 4iG за да придонесе во модернизација на телекомуникациската инфраструктура во земјата и да внесе засилена конкуренција во секторот. Во текот на следните месеци, компанијата ќе соработува со AEК за достапноста на радиофреквенциите, да се обезбеди усогласување со регулаторните рамки и да се продолжи со долгорочната стратегија за развој во регионот.
„Среќни сме што и официјално го започнавме влезот на телекомуникацискиот пазар во Северна Македонија“, рече Пал Заранди, директор за мобилни и 5G стратегии во Групацијата 4iG. „Го препознавме потенцијалот на пазарот и уверени сме дека нашето искуство во соседните земји, како што се Албанија и Црна Гора, нè позиционира во насока да даваме најсовремени услуги за клиентите и бизнисите овде. Секогаш кога ќе одлучиме да влеземе на нов пазар, од клучно значење е да имаме и поддршка од регулаторната средина и подобро да ги разбереме локалните услови“, додаде Заранди. „Ангажиравме домашни и меѓународни експерти за да направат сеопфатна анализа на пазарот во Северна Македонија и сигурни сме дека нашиот пристап ќе донесе додадена вредност во секторот.”
4иГ, една од најистакнатите унгарски ИКТ и телекомуникациски компании, вработува над 8.000 висококвалификувани професионалци и опслужува над 10 милиони конекции во регионите каде што е присутна. Групацијата е позната по својот иновативен пристап и сигурни решенија. Како компанија е посветена на воведување напредни технологии како што се 5G, IoT и инфраструктура управувана од вештачка интелигенција, што ќе го отвори патот Македонија да стане земја со подобра мрежа и поголема компетитивност.
„Нашето истражување на пазарот покажа големи можности поради достапноста на опсегот на фреквенции и секако поради поддршката од регулаторната средина“, додаде Заранди. „Достапноста на фреквенцијата е од суштинско значење за градење на мрежата и среќни сме што соработуваме и со локални и со меѓународни експерти за да имплементираме решенија од коишто ќе имаат корист сите во Северна Македонија“.
Проширувањето на групацијата 4iG во Македонија е дел од пошироката стратегија на компанијата за подобрување на телекомуникациската инфраструктура во регионот, притоа создавајќи значителна економска и технолошка вредност. Овој чекор е усогласен со посветеноста на групацијата за поттикнување иновации, следење на локалните регулативи и обезбедување исклучителни услуги.