сабота, 27 јули 2024

Група Д: Дербито за Шпанија, Хрватска подобра од Исланд

Објавено на

часот

Сподели

Лацковиќ беше втор стрелец кај Хрватите

Хрватите во исклучително возбудлив меч славеа против Исланд со 31-29, победа која ја изборија во самиот финиш од мечот. Европските вицешампиони беа во негатива од два гола на 11 минути до крајот (24-26), но оттогаш, со цврста одбрана успеаа да направат пресврт, па на две ипол минути пред крајот Бунтиќ погоди за водство од 29-28, а Иван Чупиќ и Мануел Штрлек го потврдија, откако претходно Мирко Алиловиќ одбрани за водство од два разлика.

Токму Штрлек беше херој со стоотстотниот ефект и осумте гола за Хрватска. Чупиќ, Денис Бунтиќ и Блаженко Лацковиќ погодија по пет, а Мирко Алиловиќ собра 16 одбрани. Кај Исланѓаните, Валур Сигурдсон со осум гола беше најефикасен, додека голманот Пал Густавсон имаше 10 одбрани.

Дербито на колото помеѓу Шпанија и Франција заврши со победа на „црвената фурија“ со 29-26, што е ново изненадување на шампионатот, сооглед дека Французите и на ова првенство се главни фаворити за златото. Дури 12 ракометари на Шпанците дадоа по еден гол, а ги предводеа Ентериос и Канељас со по 4 гола. Жером Фернандез беше прво име кај Франција со седум гола, А Лик Абало даде шест.

Шпанците најавија дека по долгогодишна доминација на Французите, можно е на ова ЕП, Европа да добие нов ракометен владетел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ