сабота, 27 јули 2024

Група Ц: Унгарија наместо победа, спаси бод

Објавено на

часот

Сподели

Унгарија и Русија играа 31-31 во возбудливиот меч, налик на вчерашната наша пресметка со Шведска. Унгарците имаа водство и сигурни три гола на седум ипол минути до крајот, откако направија серија од 8-2 за десет минути. Се изгледаше дека Русија попушти во вториот дел, но „зборнаја не се откажа“, па преку Витали Иванов, кој даде два од четирите гола во кам-бекот, па Русите дури стигнаа до водство на минута ипол до од 31-30. Габор Чазар, првиот стрелец на Унгарците израмни минута пред крајот, а финалноте 60 секунди не донесоа погодок за победа на некоја од репрезентациите.

Чазар со осум гола беше прва виолина на Унгарија, а Герго Иванчик даде шест, но очаен учинок имаа голманите, Фазекаш – Миклер, кои заедно собраа десет одбрани. Кај Русите, единаесетмина се запишаа во листа на стрелците, а ги предводеше Михаил Чипурин со пет гола. Ниту руските голмани немаа своја вечер, па двоецот Грамс-Богданов собра едвај девет одбрани.

Во првиот денешен меч, Норвешка успеа да ја победи Словенија со 28-27, иако Словенците имаа и четири гола предност, а во завршната половина од вториот дел влегоа со гол предност. Но, по две израмнувања, Норвешка во 51 минута стигна до водство, кое минута и пол го предвори во два гола, што се покажа како пресудно за победата. До крајот се играше гол за гол, а Словенците стигнаа само да намалат на гол заостаток.

Кристофер Рамбо даде два од шесте гола во финишот и заедно со Ернелд Мамелунд беа најдобрите стрелци кај Норвежаните. Бриљираше Оле Еревик со 20 одбрани. Драган Гајиќ и Урош Зорман со по 5 погодоци беа најефикасни кај Словенија, а на голот на Словенија, Горазд Шкоф собра 19 одбрани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ