сабота, 27 јули 2024

Група А: победи за Данска и за Србија

Објавено на

часот

Сподели

Светскиот вицешампион Данска со 30-25 очекувано ја победи Словачка, додека домаќинот Србија во преполниот „Пионир“ во Белград славеше со 22-18. Данците многу потешко од очекувањата ја победија Словачка, која до четири минути пред крајот имаше достижни два разлика, 23-25, но Данците не дозволија во финишот да влезат во трилер-завршница.

Ханс Линдберг со седум гола и Андреас Егерт Јенсен со шест гола беа предводници на Данците, за кои голманот Никлас Ландин забележа 11 одбрани. Најдобар поединец кај Словаците беше Даниел Вало со шест гола, а голманот Ричард Штохл имаше 13 одбрани.

Србија ја израдува нацијата со победата над Полска во меч во кој фантастичен учинок имаше актуелниот голман на скопски Металург, Дарко Станиќ. Станиќ со 50 отсто одбрани, 13 од 26 беше лидер на српскиот тим, за кој Иван Никчевиќ и Марко Вуин постигнаа по шест гола, односно половина од вкупниот број погодоци.

Карол Биелицки со четири гола и Михаил Јурецки со три беа најдобри кај Полјаците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ