сабота, 27 јули 2024

Груевски ја потсетува власта за почнатите и незавршени патишта низ Македонија

Објавено на

часот

Сподели

Груевски прашува зошто веќе шест години е стопирана изградбата на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка за која во 2016 година Светската банка го одобри финасирањето и обезбеди пари на барање на Владата во процедура почната повеќе од две години претходно, во изработка на проект во сите фази.

Речиси шест години не се објави јавен повик за изведувач – градежна фирма… Со новата власт предводена од СДСМ следува една долга убивствена ‘медитација на јога мајсторите’ еве веќе шест години.

Но, на завршен основен и главен проект за експресен пат со четири ленти и целосно обезбедени пари за негово комплетно финансирање, да го кочиш почетокот на градбата шест години треба да има некакво образложение.

Груевски потсетува и на експресниот пат со четири ленти Градско-Прилеп, кој, според него веќе пола бил завршен уште во мај 2017 година. И таму да не е промашена трасата, прашува поранешниот премиер.

Според него, и експресниот пат со четири ленти Штип -Кочани бил почнат во негово време, но не е завршен.

Експресниот пат Кичево – Дебар исто така го снема од плановите на Владата предводена од СДСМ цели шест години.

За ист таков комплетно нов експресен пат со четири ленти подготвивме и има комплетно готов проект на потегот Охрид-Пештани, кој во лето е преоптеретен и огромните колони возила се движат со брзина на пешачење во делови од денот.

Тогаш за да го одложат градењето и да ја намалат перцепцијата на граѓаните дека владата гради со ‘турбо динамика’, ни пуштија некои од блиските ним невладини организации да праќаат писма до Светската банка да не брза со финасирање бидејки некои птици кои летале од Африка до северниот пол, тука баш на некој потег каде требаше да минува комплетно новиот експресен пат еднаш или двапати годишно правеле куса пауза, па постоењето на патот патот ќе ги вознемирувал при почивката.

Еве сега се шест години на власт, нема кој да им прави опструкции, нека го почнат и тој експресен пат за кој градежно-архитектонски проект е целосно завршен, Светската банка беше тргнала да го одобрува, но го пресретнаа на тема која е многу чувствителна во таа институција.

Груевски во својот пост потсети и на патот Скопје – Сопиште преку Водно, комплетно градежно завршен уште во мај 2017 и нема пак да прашувам зошто цели шест години не дозволуваат да почне да се користи“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ