сабота, 27 јули 2024

Груевски доби затвор од 9 години за уривањето на „Космос“, Јанакиески 3 години

Објавено на

часот

Сподели

Во завршните зборови Јанакиески и Трајковски се изјаснија дека немаат сторено кривично дело при уривањето на „Космос” и оти се надеваат на ослободителна пресуда.

Јавниот обвинител Бурим Рустеми, пак, во завршните зборови нагласи дека во текот на постапката со сигурност се докажа дека обвинетите ги сториле делата што им се ставаат на товар и побара да им биде изречена ефективна казна затвор.

„Одбраната се повикуваше на застареност на кривичните дела. Законските измени се донесени на 22 март, 2010 година, а настанот се случил од 1 април 2011 до 2012 година. Тоа значи дека се случиле по стапување на сила на законските измени на Кривичниот законик, па затоа не може да се повикуваат на застареност на кривичните дела”, рече судијата Ставрев.

Првото рочиште за овој случај беше одржано на 24 јануари 2018 година.

Судењето за овој предмет го води судијата Огнен Ставрев, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Бурим Рустеми. 

Според обвинителниот акт поднесен од поранешното СЈО, во временскиот период од 01.04.2011 година до крајот на 2012 година во Скопје, обвинетиот Никола Груевски, во својство на премиер на Владата и обвинетиот Миле Јанакиески – министер за транспорт и врски, заеднички со цел да му се одмаздат на оштетениот Фиат Цаноски за неговата политичка одлука кој како претседател на политичката партија ПЕИ, ја напуштил коалицијата со политичката партијата ВМРО-ДПМНЕ и склучил коалиција со опозициската политичката партија СДСМ, искористувајќи ја нивната реална моќ со умисла го поттикнале обвинетиот Тони Трајковски, тогашен градоначалник на општина Гази Баба, да стори кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување” и да тој ја искористи својата службена положба и незаконски да го сруши станбено-деловниот објект Космос што бил граден од оштетениот, инвеститорот оштетениот Фиат Цаноски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ