сабота, 27 јули 2024
Избори 2024

Груби: За прв пат во историјата ние сме втора сила во земјата

Високиот функционер на ДУИ, Артан Груби утрово преку Фејсбук порача декас Европскиот фронт предводен од неговата партија по изборите стана втора сила во државата.

Објавено на

часот

Сподели

„Европскиот фронт е победник на парламентарните и претседателските избори. Европскиот фронт има 19 пратеници, опозицијата 13 пратеници. Европскиот фронт е втора сила во државата, за првпат во историјата на земјата. Али Ахмети повторно постигна голема победа и останува непоразен на политичката сцена во земјата. Европскиот фронт има двојно мнозинство во Собранието“, напиша Груби.

На официјалната фејсбук-страница на ДУИ променета е насловната фотографија – сега на црна подлога е испишана бројката на освоени гласови на вчерашните избори.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ