Груби им се заблагодари на пратениците кои со својот глас вчера „се построија на правилната страна и не дозволија продолжување на злонамерната тенденција на оние кои за ниски политички поени не штедеа зборови и дела за да ја блокираат реализацијата на најважната инфраструктурна инвестиција во историјата на земјата“.
Тој во својата објава на социјалната мрежа Фејсбук го повтори изразот „Пушката топ нека им стане, но ова не застанува“ што, како што додава, ја изразува посветеноста на Владата за да ги реализира коридорите кои се пат кон нов хоризонт на економски развој на земјата, и покрај сите опструкции и дезинформации што се шират во јавноста.