понеделник, 20 мај 2024
Избори 2024

Груби вели нема да гласа за претседател кој е против УЧК

Вицепремиерот Артан Груби на излегувањето од гласачкото место одговори на новинарите дека  не гласал за претседател на државата, а сето тоа го сподели со видео на социјалните мрежи кое го емитуваше неговото гласање во живо.

Објавено на

часот

Сподели

„Не гласав за претседателските бидејќи не сакам да легитимирам претседател или претседателка која е против УЧК, против Охридскиот договор, против добрососедството со Косово, со Бугарија, со Грција, против интеграција во ЕУ и уставните измени, против пријателството со САД. Не сакам идниот претседател или претседателка да го има и легитимитетот на гласовите на демократскиот свет тука во Северна Македонија, овозможувајќи избор на еден таков претседател. Затоа го искористив моето демократско право да гласам за парламентарните но не и за претседателските избори“, рече Груби.

https://fb.watch/rXrcG2oaJx/

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ