понеделник, 21 октомври 2024

Груби: В петок ќе се отвори дебатата за уставните измени, избори не се решение

Објавено на

часот

Сподели

„Се виде дека уставните измени се технички, дека не задираат воопшто во македонскиот идентитет, дека не задираат воопшто во македонскиот јазик и дека од уставните измени нема да види никој ништо лошо“, рече Груби во изјава за медиуми на „Саемот за вработување“ во организација на конзорциумот „Бехтел и Енка“, кој ги гради Коридорите 8 и 10д. 

Груби рече дека в петок ќе се отвори дебатата за уставните измени и кажа дека работат и со ВМРО-ДПМНЕ и со поединци во ВМРО-ДПМНЕ за да, како што посочи, и „тие станат дел од градењето на иднината за нашите граѓани“. 

Собранието в петок и официјално започнува со работа со 123. седница на која единствена точка на дневен ред е Предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Македонија.

Седницата треба да почне во 11 часот со утврдување на дневниот ред, по што треба да почне претресот за потребата од носење на уставните измени. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ