недела, 20 октомври 2024

Груби се извини за запаленото возило: Заканите ги сметам за кукавички, нема да запрам

Објавено на

часот

Сподели

Груби наведува дека „е во политиката за да служи и да остави трага со работа и дела, а не да му се тероризира семејството, соседите и пријателите“.

„Континуираните закани и последователни напади ги сметам за кукавички и подмолни, но немам намера да запрам и да престанам да работам и да ги исполнувам очекувањата на граѓаните. Се извинувам што мојата и вознемирувањето на моето семејство се претвори и во грижа и вознемиреност и на соседите и на пријателите. Се извинувам што мојата и вознемирувањето на моето семејство се претвори и во грижа и вознемиреност и на соседите и на пријателите. Изразувам благодарност до сите мои соседи како и до безбедносните сили и нивните напори да го решат синоќешниот напад. Ви благодариме и на сите вас за големата поддршка!“, стои во објавата на Груби. 

„Околу 03.30 часот пријавено е дека на ул. Струмичка настанал пожар во патничко возило ауди со скопски регистарски ознаки, сопственост и паркирано од Б.Л. (35) од Скопје“, информираа од МВР за настанот.

Според МВР, возилото му припаѓало на друг сопственик, но според неофицијални информации и неодамнешни фотографии од социјалните мрежи, автомобилот го користел Груби. 

Во анкетниот лист за својата имотна состојба, Груби нема пријавено дека поседува возило ауди, туку цитроен Ксара во вредност од 1.000 евра.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ