недела, 27 октомври 2024

Груби: Никој не дебатира дали уставните измени се добри или лоши туку дали да има предвремени избори

Објавено на

часот

Сподели

Вицепремиерот на настан по повод отварање на третото издание на културно – научна манифестација „Деновите на Гонџе” одговарајќи на новинарско прашање истакна дека на средбите била истакната голема поддршка од Соединетите Американски Држави за зачленувањето на државата во ЕУ, како и за уставните измени.

„Се надевам дека ВМРО-ДПМНЕ која има своја програмска определба да ја зачлени нашата земја конечно ќе смогне сили, ќе се надмине себеси, ќе гласа и ќе го тргне ова прашање од дневната политичка агенда затоа што тоа е во интерес на сите граѓани“, изјави Груби.

Посочи дека два месеци откако се усвоени техничките амандмани во Влада и поднесување во Собрание, немало дебата во јавноста по однос на нивната содржина.

„Гледаме дека два месци по усвојувањето на техничките амандмани на Уставот во Владата и поднесувањето во Собранието апсолутно нема никаква дебата во однос на содржината на тие амандмани во општеството, ниту од академската заедница, ниту од невладините организации, ниту медиумите, туку дебатата се води единствено по однос на политички прашања дали да има предвремени избори, дали да се формира ваква или таква Влада, а не по однос на тоа дали се добри или лоши, дали губиме или добиваме“, истакна Груби.

Уверува дека истиот ден кога ќе се изгласаат уставните измени Собранието ќе се распушти и ќе се одржат предвремени избори.

„Имаме контакти, средби со партијата се гледаме во Собранието секојдневно се обидуваме да ги убедиме, иако јас знам, длабоко сум убеден ги познавам и тие сами знаат дека ова не и прави ништо лошо на нашата заедничка држава и се надевам дека ќе се најде начин не само со дел од пратениците туку со цела ВМРО-ДПМНЕ да одиме напред, а потоа ако сакаат можеме истиот ден да го распуштиме Собранието и да одиме на предвремени избори уште на самиот ден кога ќе гласаме за уставните измени. Исто подготвени сме да дадеме сите оставки дадовме веќе, ги поднесовме до премиерот и се откажавме од идејата да имаме прв Албанец премиер на Владата само да ја видиме зачленета во Европска унија“, порача вицепремеирот Груби.

На вчерашниот настан видовме непотребна иконографија која нема за цел да донесе добро ни за Албанците ниту за Македoнците, особено не е добар кога во државата доаѓа висок гостин од Стејт Департментот за да ни даде поддршка за европската интеграција на земјата, порача Груби.

Тој коментирајќи го вчерашниот инцидент во Тетово каде повторно се вееше знаме на т.н „голема Албанија“ посочи дека не треба да се прави дефокус од важните работи во државата.

„Тоа се мали партии со големи комплекси, јас се надевам дека никој од нас, ниту граѓаните ниту институциите, ниту медиумите нема да им дадат можност преку мали гестови да стануваат големи партии. Ваквии настани не ни се потребни посебно не кога во нашата држава пристига висок гостин од Стејт департментот да ни даде поддршка за европска интеграција на земјата, а ние да предизвикаме вакво нешто, да ја дефокусираме јавоста, тој настан, тој вокабулар е само за самофакторизирање и служи на некои агенди кои не и го сакаат доброто ниту на Македонија, ниту на Албанците, ниту на кој било друг и затоа сметам дека треба да ги игнорираме како маргинални фактори во општеството и непотребни инциденти кои се апсоултно провокација за европскиот пат на нашата земја“, изјави Груби.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ