сабота, 19 октомври 2024

Груби го комплетира тимот за спроведување на проектот за коридорите 8 и 10д

Објавено на

часот

Сподели

Конкурсот за повеќе работни места за овој проект го распиша Јавното претпријатие за државни патишта кое ги објави избраните кандидати кои ќе бидат привремено вработени во реализацијата на четирите делници од коридорите 8 и 10Д.

ХасаниЗибери е градежен инженер во приватна градежна компанија во Тетово. Таа беше и пратеничка во собранискиот состав од 2002 до 2006 година од редовите на ДУИ.
На конкурсот објавен во април покрај помошникот на координаторот се бараа и извршители за 27 работни позиции кои се поврзани со реализација на проектот кој ќе го градат „Бехтел и Енка“. За дел од овие позиции се избрани кандидатите, но за дел не, бидејќи кандидатите не ги исполнувале условите.

Координатор на единицата за подготовка на проектот ќе биде Рами Јусуфи кој на ова работно место ќе добива нето-плата од 60.005 денари, а Александар Журовски од Институтот за земјотресно инженерство и сеизмологија ќе биде координатор на единицата за техничка изведба за плата од 65.029 денари.

Специјалистите кои ќе ја изведуваат експропријацијата на имотот за потребите на „Бехтел и Енка“ ќе добиваат плата од 45.045 денари, а засега избрани се само двајца, од бараните четворица: Ратко Ајцев и Саќим Селими.

Арѓент Мехмеди ќе биде преведувач за плата од 45.000 денари.

Избрани се и по еден администратор и возач (за плата од по 30.000 денари) – Кристина Дукоска и Милорад Стојкоски.

Како специјалист за изработка и следење на проектната документација е избран Ваљон Тефику. За оваа позиција се бараа двајца извршители.

Избраните кандидати ќе работат 40 часа во неделата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ