четврток, 26 декември 2024

Груби: Директно и лично сум засегнат од одлуката на Стејт Департментот

Во отсуство на детални информации, од медиумите дознав за денешната одлука на Стејт департментот, напиша на својот фејсбук профил поранешниот заменик претседател на Владата, Артан Груби по неговото именување на црната листа на САД.

Објавено на

часот

Сподели

„Како човек кој мојот јавен живот го посветив на заштита на западните демократски вредности и кој секогаш работев напорно за членството на земјата во НАТО и во Европската Унија, оваа одлука ме засега директно и лично. Ќе се ангажирам со сета своја посветеност и максимално, заедно со нашите пријатели и партнери, со кои ја споделувавме визијата и работевме низ годините за интеграција на земјата во евроатлантските структури, целосно да го обелодениме ова прашање. Транспарентноста и посветеноста на демократските вредности и понатаму ќе бидат главен столб на секоја моја акција“, напиша Груби на фејсбук.

Стејт департментот денеска објави дека поранешниот вицепремиер Артан Груби и неговото потесно семејство, како и судијата на Апелацискиот суд Скопје, Енвер Беџети се ставени на црната листа на САД.

Се огласи и американската амбасадорка Анџела Агелер, која порача дека нема да се толерира политичко мешање во судските одлуки и дека никој не е над законот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ