сабота, 27 јули 2024

Грлиќ Радман: Ако сакаат влез во ЕУ, земјите од Западен Балкан мора да воведат санкции кон Русија

Објавено на

часот

Сподели

„Ако земјите од Западен Балкан одлучиле да бидат дел од Европската Унија, треба стриктно да ја следат и да бидат усогласени со политиките на ЕУ. Невозможно е да се седи на две столчиња. Сите земји треба да ја осудат руската агресија, да воведат санкции, да покажат солидарност кон Украина и да промовираат регионална стабилност и добрососедски односи“, рече Грлиќ Радман на панелот „Западен Балкан: Нов евроатлантски замав“ во рамките на Форумот во Дубровник.

Тој посочи дека „националниот интерес на Хрватска е безбедно и стабилно соседство“ и повтори дека Хрватска може да им помогне на земјите од Западен Балкан со „знаење, експертиза и искуство“ на патот кон Европската Унија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ