среда, 23 октомври 2024

Грковска-Хан: Сите вклучени страни треба да придонесат за решавање на прашањето за уставните измени

Објавено на

часот

Сподели

Како докажан пријател на Македонија, Хан се интересираше за актуелните случувања  околу усвојувањето на уставните измени, што е клучен чекор за продолжување на евроинтегративниот процес на земјата.

Вицепремиерката Грковска истакна дека сите вклучени страни треба да придонесат за промена на наративот околу ова прашање, кое не треба да се користи за популизам и јакнење на национализмот и евроскептицизмот во земјата и регионот, стои во соопштението. 

Вицепремиерката Грковска упатила благодарност до еврокомесарот Хан за, како што информира Владата, неговата отворена и континуирана поддршка во пристапувањето кон Европската унија, како и за обезбедувањето макрофинансиска поддршка за нашата држава, како особено важна во справувањето со ефектите од економската криза.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ