недела, 20 октомври 2024
Пресврт во истрагата

Грк, а не Хрват е убиецот на навивачот на АЕК?

Објавено на

часот

Сподели

Навивачите на Динамо Загреб направија хаос во Атина, но тие имаа поддршка и од фановите на Панатенаикос со кои се збратимени. Војната беше против ривалите од АЕК, најдебелиот крај го извлече едно 29-годишно момче кое им подлегна на повредите.

Се чинеше дека хрватски државјанин го направил убиството, но се случува пресврт во истрагата. Последните информации велат дека станува збор за грчки државјанин.

Ова уште не е потврдено, но ваквата информација ја пренесе Нова ТВ од Атина, која тврди дека отисоците на убиецот покажуваат дека се работи за грчки државјанин. Може да се претпостави дека се работи за фан на Панатенаикос.

Досега уапсени се околу 100 навивачи. А во наредните денови се очекува да биде расчистено убиството и да излезе официјална информација за убиецот на момчето.
 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ