сабота, 27 јули 2024

Грипот причина за смртта на пет лица, заразата стивнува

Објавено на

часот

Сподели

Најголем број на заболени лица (n=1.538) се пријавени од Струмица, Гостивар (n=915) и Дебар (n=871), каде е регистрирана највисока кумулативна инциденца (4.552,6/100.000), нагласуваат од Институтот.

Во последната анализирана недела, (до 23 април) се регистрирани 26 случаи на грип, што претставува намалување за 68,3% во однос на претходната недела во април.

Инситутот за јавно здравје наведува дека во оваа сезона се регистрирани 5 починати лица асоцирани со грип, три од Скопје и по едно лице од Штип и Радовиш. Четири лица се од возрасната група од 15-64 години, а едно на возраст над 65 години, со регистрирани коморбидитети, хоспитализирани и невакцинирани со вакцина против сезонски грип.

Инаку, лабораториски регистрирани се вкупно 227 позитивни случаи на грипот (4,1%), 98 Influenza A/H1pdm, 91 Influenza A/H3, 20 Influenza A несубтипизирани, 17 Influenza B/Victoria и еден Influenza B.

П.Џ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ