Една од топ темите на „островото“ денеска е кошмарот кој го приживеало семејството на Џек Грилш. Додека Англичанецот со Манчестер Сити играл против Евертон во средата, разбојници влегле во неговиот нов дом во Чешир.
Како што пишуваат медиумите, десетина роднини (неговата девојка Саша Атвуд, родителите, бабата, двете сестри, братот) го гледале настапот на Џек Грилиш на ТВ, кога слушнале врева на горните спратови, кучињата пичналее да лаат, па веднаш биле притиснати „копчињата за паника“.
Полицијата пристигнала, теренот бил „шешлан“ и со хеликоптер, но и покрај тоа, разбојниците се заминале со богат плен вреден над 1 милион фунти.
Џек Грилиш во новиот дом се преселил пред Божиќ и инвестирал околу 500.000 фунти за поголема безбедност и специјална повисока ограда, но биле потребни само 5 дена за да го ограбат.