Кампот, кој беше отворен неколку месеци, беше распуштен мирно, со присутни седум демонстранти, изјави портпаролот на полицијата. Тунберг не се појави.
„Последните настани околу Тунберг доведоа до проценка дека таа би можела да биде учесник, подготвена да употреби насилство. По интензивното испрашување во контекст на проценка на ризиците, полициското седиште во Дортмунд нареди забрана на кампот и со тоа поврзано распуштање на собирот“, се вели во соопштението на полицијата.
Одлуката доаѓа еден ден по годишнината од нападот на Хамас врз Израел, ден обележан со бројни пропалестински и произраелски демонстрации низ Германија. Во Берлин, демонстрантите на собирот фрлаа шишиња кон полицијата, нападнаа претставници на медиумите и извикуваа антиизраелски слогани. На овие демонстрации беше присутна и Тунберг.
Пред една година, на 7 октомври 2023 година, терористите од радикалната исламистичка група Хамас и други групи убија повеќе од 1.200 луѓе во Израел и зедоа уште околу 250 заложници и ги одведоа во Појасот Газа.
Од нападот на Хамас врз Израел и последователната израелска воена акција во Појасот Газа, Тунберг, позната по своите протести против климатските промени, повеќе пати изрази солидарност со Палестинците и го обвинува Израел за геноцид.