сабота, 27 јули 2024

Грета Тунберг казнета поради протестите во Стокхолм

Шведската климатска активистка Грета Тунберг (21) е казнета поради протестите во Стокхолм, пишува АП. Судот ѝ нареди да плати казна од 6.000 шведски круни, што е сума од 512 евра.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тунберг е обвинета дека ги игнорирала полициските наредби да ги напушти двата протести пред шведскиот парламент во март, повикувајќи се на преземање мерки против климатските промени.

Активистката беше обвинета по две точки за граѓанска непослушност, а таа на суд ги отфрли обвиненијата.

„Не сакав да го напуштам протестот поради климатската вонредна состојба, а во вонредна состојба сите имаме должност да дејствуваме. Сегашните закони ги штитат екстрактивните индустрии наместо да ги штитат луѓето и планетата“, рече 21-годишната активистка во судницата.

Во март, Тунберг учествуваше во серија повеќедневни протести кои вклучија неколку блокади на главниот влез на зградата на шведскиот парламент. На 12 и 14 март полицијата ја отстрани активистката од местото на настанот, откако таа одби да го напушти теренот.

Политичарите сепак можеле да влезат во зградата на парламентот преку споредните влезови. Шведските судови веќе двапати парично ја казнија Тунберг за граѓанска непослушност за време на протестите за климата.

Движењето „Петок за иднината“ се роди откако Тунберг, тогаш само 15 години, отсуствуваше од училиште во петок во август 2018 година за да организира протест пред шведскиот парламент, држејќи натпис на кој пишуваше „Училиштен штрајк за климата“.

Оттогаш, милиони студенти ширум светот го следеа нејзиното водство, оправдувајќи го своето отсуство од училиште со нагласување на виталната важност за преземање акција да се спречи глобалното затоплување да го загрози животот на Земјата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ