петок, 13 декември 2024

„Грешница“ на Весна Радушиновиќ

Објавено на

часот

Сподели

По рекордниот тираж и 7-те изданија во Србија, книгата „Грешница“ на писателката Весна Радушиновиќ се отпечати и во Македонија, во издание на „Култура“. Како и претходните нејзини 12 книги, и „Грешница“ наиде на голем одѕив, особено поради отворената тема кои жени се светици, а кои грешници на естрадната и политичка сцена во Србија.
Книгата има многу ликови и многу судбини што се преплетуваат.
„Сите тие се жени што се на вечниот ветромет и тенката граница што ги дели светиците од грешниците. А бидејќи кај нас јавните доблести најчесто се тајни и тешки пороци, секогаш сум на страната извиканите грешници, бидејќи знам дека се многу подобри отколку што се прикажани и оцрнети. Не сакам да ги прераскажувам своите книги, ниту писмено ниту усно. Кој ќе прочита самото ќе му се каже“, ни рече Весна Радушиновиќ.

„Кој ќе прочита самото ќе му се каже”, вели Весна

Следната книга што е во подготовка за издавање кај нас е всушност правда книга на Радушиновиќ „Мажите се како чоколада“, која во Србија се продаде во тираж од 120.000 примероци.
„Целиот живот во грешниците, пасионирано ги откривав обележените со прст и несфатени светици, кои околината не ги прифаќа. Тоа со текот на времето, станаа моја приватна опсесија, од која најчесто се плашев, наместо да уживав несметано во гревот. Само една писателка, експерт за опасни и забранети теми, се осмели конечно да ги рехабилитира неправедно жигосаните грешници и да ги издигне на пиедестал на кој престануваат сите лаги и измами. Романот „Грешница“ не е ода на распуштениот живот во вителот на неконтролираните страсти, туку осуда на лицемерството и лажниот морал, кои сите ние го прифативме како образец за безболно преживување“, во рецензијата пишува Бранка Шќепановиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ