сабота, 27 јули 2024

Гренланд секој час губи 30 милиони тони мраз, покажува ново истражување

Гренланд секој час губи речиси 30 милиони тони мраз поради климатските промени, покажува ново истражување, што е 20 отсто повеќе од она што досега се мислеше, пренесува Гардијан.

ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Научниците се загрижени дека таквиот дополнителен прилив на слатка вода која се слева во северниот Атлантик би можел да ги приближи до колапс океанските струи (феномен Амок), со несогледливи последици за човештвото.

Губењето на мразот од Гренланд како последица на глобалното загревање се бележи веќе со децении. Техниките кои до ден денес се користат, како мерење на висината и тежината на ледената покривка, се добри за одредување на губењето на мразот кој завршува во океанот и го крева нивото на морињата.

Меѓутоа, тие техники не можат да го утврдат повлекувањето на глечерите под нивото на морето во тесните фјордови околу островите. Во наведеното истражување научниците анализирале сателитски фотографии за да ја одредат крајната позиција на бројни гренландски глечери секој месец од 1985 до 2022. Фотографиите покажале значително повлекување на глечерите кое во набљудуваниот период изнесувало повеќе од трилион тони изгубен мраз.

Најновите информации од истражувањето кое ги споредува сите останати мерења на гренландскиот мраз откриле дека 221 милијарда дони се изгубени секоја година од 2003. Ако на тоа се придодадат уште 43 милијарди тони во минатата година, пресметката вели дека Гренланд губи во просек по 3 милиони тони мраз на час.

„Постои одредена загриженост дека кој било мал извор на слатка вода би можел да послужи како „точка на пресврт“ која би можела да предизвика сеопфатен колапс Амок, нарушувајќи ги глобалните временски шеми, екосистемите и глобалната безбедност на храната. Сепак, слатката вода од повлекувањето на глечерите на Гренланд во моментов не е вклучена во океанографските модели, што значи дека реалните последици би можеле да бидат уште поголеми“, објавија авторите на истражувањето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ