недела, 16 март 2025

Гренланд има одговор за Трамп: Може да мисли што сака

Победникот на изборите одржани пред неколку дена на Гренланд, лидерот на партијата Демократит, Јенс-Фредерик Нилсен изјави дека за автономија и слобода никогаш не може да се преговара.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

На собирот на неговите приврзаници одржан пред американскиот конзулат во главниот град Нук, тој порача дека американскиот претседател Доналд Трамп може да се откаже од плановите овој остров да стане дел од САД, пренесува порталот ДР.

Протестот се одржа вчера, еден ден откако истакнати политичари во Гренланд објавија заедничко соопштение во кое изјавите на Трамп ги нарекоа неприфатливи, нагласувајќи дека е важно сите да се согласат за ова, без разлика на партиската припадност.

„Важно е да сме обединети како општество и тоа го гледаме сега“, изјави Нилсен на средбата.

Партијата Демократит на изборите одржани во вторник освои 29,9 отсто од гласовите.

Оваа партија, која се залага за постепена независност од Данска, повеќе од тројно го зголеми бројот на пратенички места на 10 од вкупно 31 и најави дека започнува преговори за формирање коалиција.

Нејзиниот лидер ги критикуваше плановите на Трамп за островот, велејќи дека тој не е на продажба, како и неговите жители.

„Тој може да мисли за мене што сака“, изјави Нилсен, додавајќи дека тоа не е само негов став, туку и на целото општество.

Во четвртокот, за време на состанокот со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте во Белата куќа, Трамп ја повтори својата желба да има контрола над Гренланд.

Руте тогаш рече дека нема да го вклучи НАТО во дискусијата за тоа дали Гренланд ќе прифати или одбие да се приклучи на САД. Неговата изјава предизвика критики од данските политичари, како и од самиот Нилсен.

„Руте можеше да каже дека не е соодветно да се зборува за тоа и дека мора да се почитуваат меѓународното право и закони“, истакна тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ