сабота, 27 јули 2024

Грците прокоцкале 22,7 милијарди евра

Прометот во индустријата за игри на среќа се зголеми за 28% во периодот јануари-август.

Објавено на

часот

Сподели

Грците потрошиле неверојатни 22,7 милијарди евра на онлајн коцкање, копнени казина, лотарии и коњски трки во последните осум месеци (јануари-август), покажуваат бројките на Грчката комисија за игри на среќа (ЕЕП), пренесува Екатимерини.

Податоците на EEP покажуваат дека компаниите за коцкање „вратиле“ 92,5% од облозите, што значи дека играчите изгубиле 1,7 милијарди евра во периодот од осум месеци.

Вкупниот промет на индустријата за игри на среќа е зголемен за 28% во споредба со истиот период во 2022 година.

Проценките сугерираат дека овој сектор, кој има значителен придонес во даночните приходи, годинава ќе постави нов рекорд бидејќи стапката на раст на онлајн коцкањето е уште поголема – 33% за осум месеци.

Лани Грците за обложување потрошиле 29,2 милијарди евра, а во 2019 таа бројка била 16 милијарди евра.

Ова зголемување на вкупниот промет на коцкањето е резултат на преминувањето кон онлајн обложување.

Не сите „играчи“ можат да профитираат од ваквиот развој на индустријата за игри на среќа. Врз основа на бројките од EEP за 2021 година, копнените казина имаат акумулирани загуби поради преминот кон онлајн обложување, при што половина од нив покажуваат негативни сметки поради високите оперативни трошоци и затворањето на бизнисот за време на пандемијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ