сабота, 27 јули 2024

Грција се подготвува за исклучување на електричната енергија

Објавено на

часот

Сподели

Вонредните исклучувања на струја во работни денови ќе ги опфатат „енергетски интензивните индустрии“ кои не произведуваат основни видови роба, јавива атинскиот весник Та неа.

Извори за весникот кажале дека таквата можност можеби е исклучена во блиска иднина бидејќи е најдено решение за плаќање на гасот на руски Газпром, но дека неизвесноста и размерите на војната во Украина бараат низа интервенции кои во Грција ќе доведат до ограничување на потрошувачката на електрична енергија но и на превозот.

Весникот пишува дека во „екстремно сценарио“ на целосен прекин на испораката на рускиот гас и тоа среде туристичката сезона ќе се активира планот за наизменична ротација на исклучување на електричната енергија во интервали за време на работните денови.

Целта не е да се исклучи електричната енергија на домаќинствата, претпријатијата кои се на нисконапонска мрежа, ни на хотелите и критичната јавна инфраструктура како болниците.

Прекини во снабдувањето со струја ќе имаат енергетски интензивната и тешката индустрија и претпријатијата кои со струја се снабдуваат од среднонапонска мрежа, а не се бават со основни продукти како храната.

Грчката влада размислува и враќање на работата од дома за заштеда на енергија во претпријатијата, како и препораки за намалување на користењето на автомобилите.

Освен тоа, се преземаат и мерки кои опфаќаат превентивно штедење на струја со ограничување на употребата на клима-уреди и осветлувањето, како и електричните уреди во јавните згради.

Владата на Грција веќе презела мерки за обезбедување доволно енергенси и безбедност на снабдувањето.

Одлучено е на 12 месеци да се изнајми танкер за складирање на течен природен гас, а истовремено е засилена работата на грчките рудници за лигнит за потребите на подолга работа на електроцентралите кои го користат тоа гориво, пишува Та неа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ