среда, 25 декември 2024

Грција не се откажува од легализација на истополовите бракови, и покрај противењето на црквата

Грчката влада соопшти денес дека ќе го исполни ветувањето за легализација на истополовите бракови и покрај големиот отпор на црквата.

Објавено на

часот

Сподели

Портпаролот на владата Павлос Маринакис кажа дека предлог законот ќе влезе во собраниска процедура во текот на идниот мандат на оваа влада, кој завршува во 2027 година.

Соопштението на владата доаѓа откако Синодот на Грчката православна црква издаде свое соопштение во средата во кое изразува остро противење на тој предлог.

Главниот аргумент на црквата е во врска со воспитувањето на децата во таквите заедници, тврдејќи дека геј двојките ги третираат како „прибор“ и „домашни миленичиња“.

Црквата тврди дека проширувањето на брачните права создало законска обврска на крајот да се исполнат и родителските права, во согласност со меѓународните обврски за правата, кои Грција ги потпиша.

„Ставот на Грчката православна црква останува дека децата имаат вродена потреба, а со самото тоа и право да растат со машки татко и женска мајка. Никаква општествена модернизација и никаква политичка коректност тоа не можат да го заобиколат“, се наведува во соопштението на црквата.

„Ние секогаш со почит го слушаме мислењето на Црквата. Но во исто време ја спроведуваме нашата политика и ќе ги слушаме ставовите на општеството, граѓанскиот сектор, граѓаните, институциите и другите политички партии“, кажа Маринакис.

Истражувањата на јавното мислење покажуваат дека Грците се поделени околу прашањето на истополовите бракови, но повеќе се противат на проширување на родителските права отколку на геј двојките.

Опозицискиот лидер на левицата Стефанос Каселакис се омажи за својот машки партнер во Њујорк во октомври, неколку недели откако победи на изборите за раководство на партијата Сириза.

Грција ги легализираше истополовите граѓански партнерства во 2015 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ