сабота, 27 јули 2024

Грција: Хакерски напади го попречија полагањето на средношколските испити

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението на Министерството се вели дека дистрибуираните напади за одбивање на услугата, или ДДоС, чија цел е да ја преоптоварат платформата, се случуваат денеска втор ден по ред.

Во нападот учествувале компјутери на хакери од 114 земји, што предизвикало прекини и доцнење на испитите во средните училишта, но не го оштети системот, соопшти министерството.

Обвинителот на Врховниот суд нареди судска истрага за сајбер нападот, со помош на Полициското одделение за сајбер криминал.

„Ова е најлошиот напад извршен досега врз грчка јавна или владина организација“, соопшти Министерството за образование, опишувајќи ги сајбер нападите од претходните два дена како „инцидент од големи размери и со долго траење“.

Испитите за крајот на годината во средните училишта во Грција се спроведуваат со помош на онлајн платформа позната како Банка за предмети, дизајнирана да постави единствен стандард низ целата земја, а поради хакерскиот напад учениците чекале со часови во училниците за да започнат испитите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ