петок, 18 октомври 2024

Грција ги пали алармните светла по берзите

Објавено на

часот

Сподели

По европските берзи повторно се запали црвеното алармно светло откако преговорите меѓу Грција и приватните кредитори пак  се најдоа во ќорсокак.
Најмногу изгуби берзата во Атина каде главниот индекс е во негатива за повеќе од 5 отсто. Доколку двете страни, приватните кредитори и Грција, наскоро не успеат да се договорат  постои голема веројатност Грција до крајот на март да банкротира.
Во март доспева новата рата за обврзниците во висина од 14,5 милијарди евра.
Ваквата вест создаде нервоза и кај инвеститорите во САД каде главните индекси се во пад за околу половина процент, јавува Деловниот сектор за финансиски пазари и средства на НЛБ Тутунска банка.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ