сабота, 27 јули 2024

Грција доби привремен премиер

Објавено на

часот

Сподели

Гласањето се одржа минатиот викенд, но ниедна партија не го освои потребното мнозинство.

Сармас е претседател на Државниот совет, највисокиот управен суд во Грција, пренесува Ројтерс.

Партијата Нова демократија на актуелниот премиер Киријакос Мицотакис победи на изборите минатата недела со 40,8 отсто од гласовите, но не успеа да обезбеди мнозинство за самостојно да формира влада.

На второто место според бројот на освоените гласови е левичарската партија Сириза, која доби 20,1 отсто од гласовите, додека социјалистите ПАСОК-Кинала, предводени од Никос Андрулакис, го зазедоа третото место со 11,46 отсто.

Трите најсилни партии во земјата го одбија понудениот мандат за формирање влада, барајќи друго гласање на 25 јуни.

Мицотакис е уверен дека на новото гласање неговата партија ќе обезбеди доволен број пратеници во парламентот со 300 места за сама да фомира влада.

Според уставот на Грција, ако преговорите за коалиција не успеат, претседателот именува привремен премиер кој ќе ја води земјата до повтореното гласање.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ