сабота, 27 јули 2024

Грците во Австралија кренаа бура поради реклама со „историска Македонија“

Рекламата е повлечена по силните протести на грчката заедница во Австралија.

Фото: Роберт Атанасовски

Објавено на

часот

Сподели

Телевизиската реклама за Македонија, објавена во рамките на „Балканска тура 2за1“ на туристичката агенција ТрипАдил, е повлечена откако предизвика бура кај грчко-австралиската заедница, чиј член Сотирис Костулиас испратил протестно писмо, како „еден од многуте“ што протестирале против рекламата за „историска Македонија“.

Асоцијацијата на австралиската туристичка индустрија му се извинила на Костулиас и ја повлекла рекламата.

„Сакаме да ве увериме дека референцата ‘Македонија’ наместо точниот термин ‘Северна Македонија’ не беше намерна и веднаш беше поправена на нашата веб-страница штом ни беше укажано на тоа“, вели Асоцијацијата во одговорот до Костулиас и додава дека „процесот со ТВ-рекламата може да потрае малку подолго“.

„ТрипАдил искрено се извинува за каква било конфузија или загриженост што може да ја предизвика нашата заедница“, се вели во одговорот од Асоцијацијата на австралиската туристичка индустрија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ