Грчки „Капитал“ пишува дека Грција размислува да ги замрзне следните поглавја во преговорите со Европската Унија со што ќе воспостави директна блокада на европскиот пат паралелно со блокадата од Бугарија.
„Економското гушење што ќе биде предизвикано на соседната земја доколку Грција ја повлече рачната кочница на фондовите на ЕУ кои би биле насочени кон Скопје, веројатно не е нешто од помало значење за Северна Македонија“, пишува „Капитал“.
Министерот за надворешни работи Јоргос Герапетритис одржа брифинг за надворешнополитички прашања пред политичките лидери и претставници на парламентарните партии. На брифингот стана збор за прашањата за Македонија, за грчко-турските односи и за кипарското прашање.
Македонскиот премиер Христијан Мицкоски вели дека тој ќе се делува различно од досегашните политичари. Според него, никој од македонската Влада не го прекршуваат Преспанскиот договор.