понеделник, 27 мај 2024

Грција: Не знаеме дали ќе ѝ испратиме ПВО системи на Украина, но нема да се загрозиме себеси

Грција јасно порача дека нема да преземе никакви чекори кои би ја загрозиле земјата или би ги довеле во ризична ситуација сопствените системи за противвоздушна одбрана, кажа портпаролот на владата Павлос Маринас за радиото Реал ФМ, одговарајќи на прашањето дали Атина ќе му испрати системи за противвоздушна одбрана на Киев.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Фајненшал тајмс извести дека сојузниците од Европската Унија и НАТО вршат интензивен притисок врз Грција и Шпанија на Украина да ѝ обезбедат системи за противвоздушна одбрана „патриот“ и С-300 бидејќи нивните потреби „не се толку големи како потребите на Украина“.

Маринакис го демантираше тоа во понеделникот, но најголемите опозициски партии оценија дека станува збор за „тајна дипломатија“ на власта и побараа итен извештај за тоа дали се врши притисок врз Грција и кои обврски ги презела Атина во врска со тоа.

„Јасно одговорив дека нема да преземеме никакви чекори кои би го загрозиле потенцијалот за одвраќање на земјата или противвоздушната одбрана на земјата. По кој знае кој пат сум повикам да одговорам на гласини за помошта за Украина, а мислам дека немаше место за погрешно толкување“, кажа Маринакис.

Новинарите побараа и коментар на веста дека Атина наводно се согласила да ѝ испорача на Украина ПВО системи, ако САД се обврзат да ги заменат грчките системи „патриот“ и С-300 со нови системи.

„Немам такви информации. Кога одговарам на такви прашања, се држам до тоа што ќе ми го кажат од министерствата. Можам да повторам дека во никој случај нема да се преземаат дејства кои ќе ги загрозат капацитетите за одбрана на земјата и противвоздушната одбрана“, кажа Маринакис.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ