сабота, 27 јули 2024

Грција ќе почне со изгрaдбата на преминот Маркова нога

Постигната е компромисна формула со која се решени сите забелешки на еколошките организации и на граѓаните за изградбата на патот долг 2,5 километри за новиот граничен премин Грција – Македонија до селото Роби (Лаимос) во Преспа. Во Македонија овој граничен премиин се вика Маркова Нога.

Објавено на

часот

Сподели

Надлежните органи на Грција уште во февруари годинава ги решија сите отворени прашања за конечно отворање на овој прекуграничен премин кој ќе биде финансиран од ЕУ.

Новата траса на патот е вече договорена, а при изградбата ќе се градат и т.н. „зелени премини“ за фауната од овој регион.

Граничниот премин Маркова Нога беше активен до 1960 година  кога Грција реши да го затвори, со што беше прекината комуникацијата на Македонците од Преспанскиот регион во двете држави. Долго време македонските власти се обидувале да се договорат со Грција за отворање на овој премин, но без резултат.

Во октомври 2018 година конечно е одлучено преминот повторно да се отвори со финансиска помош од ЕУ – 7,2 милиони евра. Преку граничниот премин ќе може да поминуваат само патнички автомобили со максимум 10 седишта. Нема да се пропуштаат камиони и туристички автобуси.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ