среда, 23 октомври 2024

Грција ја победи Австралија за прв триумф на Олимписките игри

Во третиот натпревар, Грција дојде до првата победа на Олимписките игри откако со 77-71 ја совлада Австралија, со овој триумф Грците ги задржаа минималните шанси за место во следната фаза.

Објавено на

часот

Сподели

Кошаркарската репрезентација на Грција која дојде со амбиција да освои медал, конечно забележа победа, но неизвесно е дали таа ќе им биде доволна за да ја поминат групата.

Грција одигра доминантен меч, пред крајот на првото полувреме имаа водство и од 42-28. Им беше потребен што е можно повисок триумф, но на крајот славеа само со шест поени разлика.

Адетокумбо со 20 поени беше најефикасен на мечот, Вокап постигна 18, кај Австралијците Ландл реализираше 17 поени.

По мечот меѓу Канада и Шпанија ќе биде појасно кој ќе оди понатаму.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ