петок, 26 јули 2024

Грција го исполнува ветувањето – бесплатен одмор за сите туристи кои го преживеаја пеколот на Родос во 2023

Грција почна да дели ваучери за бесплатен седумдневен одмор на туристите кои беа приморани да ги напуштат хотелите на грчкиот остров Родос во летото 2023 година поради шумскиот пожар.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Околу 25.000 туристи, главно од Британија, чекаат да добијат ваучери за седумдневен престој во хотелите на Родос, објави Гардијан.

Грција усвои нов закон за тоа, а министерот за туризам Мирон Флурис кажа дека Грција е првата земја во светот која одлучила на тој начин да им надомести на туристите.

Во рамки на таа програма луѓето евакуирани поради пожарот во јули ќе можат да искористат е-ваучери во вредност од 300 до 500 евра за покривање на трошоците за сместување за време на еднонеделниот престој.

Иницијативата ќе се спроведува во две фази: од сега до 31 мај и од 1 октомври до 15 ноември. Туристичките власти на Родос кажаа дека веќе се впишани над 5.000 туристи во регистарот на корисници на програмата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ