четврток, 26 декември 2024

Грција го информира светот за неважечки македонски пасоши од 12 февруари

Грчкиот министер за надворешни работи Јоргос Герапетритис писмено ги известил колегите министри и други меѓународни организации за обврската за патните исправи на Македонија од 12 февруари. Во официјалното писмо тој вели дека на 12 февруари завршува петгодишниот преоден технички рок од Преспанскиот договор за промена на патните исправи со новото име.

Објавено на

часот

Сподели

Ова официјално исвестување тој го пратил уште на 30 јануари, пишуваат грчките медиуми.
„Тоа значи дека сите официјални документи и материјали на Северна Македонија за меѓународна употреба треба да ја имаат само терминологијата од член 1(3) од договорот од Преспа“, ги потсетува колегите грчкиот шеф на дипломатијата.

Тој ги повикува министерствата да ги информираат надлежните служби, организации, федерации…

Според македонски дипломати, ова писмо на Грција не е согласно меѓународните прописи.

За овие прашања чекаме одговор од македонското Министерство за надворешни работи.

А.Д.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ