сабота, 27 јули 2024

Грција е нова членка на Советот за безбедност на Обединетите нации

Генералното собрание на Обединетите нации денес ги избра Грција, Данска, Пакистан, Панама и Сомалија за нови непостојани членки на Советот за безбедност на ОН чиј двегодишен мандат ќе почне на 1 јануари 2025 година.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Советот за безбедност на Обединетите нации е единственото тело на ОН кое може да носи правно обврзувачки одлуки како воведување санкции и одобрување употреба на сила, а има пет постојани членки со право на вето – Британија, Кина, Франција, Русија и Соединетите Американски Држави.

Преостанатите 10 членки се бираат на Генералното собрание, така што секоја година се бираат по пет.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ