понеделник, 21 октомври 2024

Грчко туристичко пристаниште преплавено со стотици илјади мртви риби (ВИДЕО)

Грчките власти почнаа да собираат стотици илјади мрши од риба кои го поплавија градот Волос оваа недела, откако беа истуркани од своите вообичаени слатководни живеалишта за време на поплавите минатата година.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Минатата година грчкиот регион Тесалија беше погоден од големи поплави во кои многу риби завршија надвор од езерата и реките и беа „турнати“ кон морето.

Откако трупови од риба го покрија пристаништето, се прошири смрдеа која го вознемири населението и надлежните.

„Тие се протегаат со километри“, рече членот на градскиот совет Стелиос Лимниос.

Градоначалникот на Волос, Ахилеас Беос, вчера изјави дека смрдеата е неподнослива и ја обвини владата што не се справила со проблемот пред да стигне до неговиот град.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ