сабота, 27 јули 2024

Грчките судски власти алармираат на употребата на името Република Македонија

Врховниот суд на Грција предупреди на злоупотребата на Преспанскиот договор во случаи кога официјални лица од Македонија на официјални настани го употребуваат името Република Македонија. Дадена е препорака до обвинителите на Грција веднаш да реагираат при вакви случаи.

Објавено на

часот

Сподели

Ова циркуларно писмо на Врховниот суд било инспирирано по „инцидентите на две меѓународни правни конференции надвор од ЕУ. Претставникот на Скопје се претставувал како претставник на Република Македонија“.

Врховниот суд на Грција дава упатство во вакви случаи грчките обвинители да не се потпишуваат на никакви заклучоци од тие конференции. „Треба да се биде внимателен и веднаш да се реагира, за да се обезбеди правилна употреба на името на северниот сосед, Во случај на неточна пријава од претставник на горенаведената земја или трета држава или од организаторот, тие мора да реагираат до организаторите со повикување на договорот и да не се потпишуваат на никакви заклучоци или заеднички соопштенија од тие собири“, ја пренесуваат грчките медиуми препораката на Врховниот суд на Грција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ