Ова циркуларно писмо на Врховниот суд било инспирирано по „инцидентите на две меѓународни правни конференции надвор од ЕУ. Претставникот на Скопје се претставувал како претставник на Република Македонија“.
Врховниот суд на Грција дава упатство во вакви случаи грчките обвинители да не се потпишуваат на никакви заклучоци од тие конференции. „Треба да се биде внимателен и веднаш да се реагира, за да се обезбеди правилна употреба на името на северниот сосед, Во случај на неточна пријава од претставник на горенаведената земја или трета држава или од организаторот, тие мора да реагираат до организаторите со повикување на договорот и да не се потпишуваат на никакви заклучоци или заеднички соопштенија од тие собири“, ја пренесуваат грчките медиуми препораката на Врховниот суд на Грција.