сабота, 27 јули 2024

Грчките стоматолози во акција да се смени придавката „македонски“ од сите називи во Македонија

Објавено на

часот

Сподели

Она што е забележливо во ова писмо е дека стоматолозите го потсетуваат Дендиас и на имињата на МАНУ, на ФФМ, на РФМ, на Сојузот на стопански комори на Македонија, на Националната галерија на Македонија…, кои, според нив, исто така не биле во склад со одредбите на Преспанскиот договор.

Грчките стоматолози во писмото бараат директна интервенција од министерот Дендиас.

Од содржината на писмото и начинот на кој е пишувано може да се види дека грчките стоматолози се одлично информирани за македонско-грчките односи, за одредбите од Преспанскиот договор и за тоа кои македонски организации, здруженија и установи какви имиња носат. Тие велат дека називите на овие организации „не се сообразени со терминологијата утврдена со Преспанскиот договор“.

д

Невообичаена е стручноста во писмото, не стоматолошка, туку политичка.

Сепак, се чини дека не го доразбрале до крај Преспанскиот договор .

Во упатството на македонското МНР пишува дека придавката „македонски/o/a” може да се употребува кога е поврзана со етничкиот и културниот идентитет на народот, за македонскиот јазик, историја, култура, наследство, територија и останати особености. „Ваквите термини во овој контекст се особено различни од оние што се употребуваат и се поврзани со регионот на Македонија во Грција.

Правилни примери: Македонски етнички идентитет, Македонски јазик, Македонска култура, Македонска територија, Македонски народ, Македонска историја, Македонски планини, Македонска литература, Македонско кирилско писмо, Македонска храна, Македонски цркви итн.

Неправилни примери: Други придавки, вклучително и Северно македонски, С. Македонски и СеверноМакедонски, не треба да се употребуваат“, се вели во упатството.

                                                                                                                                                              А.Д.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ