сабота, 27 јули 2024

Грчките и македонските органи се во тесна комуникација по вчерашното убиство во Ханиоти

Објавено на

часот

Сподели

Убиството се случи мината ноќ кога пред вилата каде апартман имале изнајмено неколку македонски државјани било пукано од надвор при што на земја полицијата пронашла 19 чаури и еден куршум. Според некои  сведочења кои ги добила полицијата,пред вилата дошле две маскирани лица на мотор, се доближиле и пукале. Потоа веднаш заминале. 

Македонското МНР соопшти дека Амбасадата во Атина и конзулатот во Солун се во постојана комуникација со официјалните претставници на институциите на Грција и за сите промени редовно известуваат во централата на Министерството за надворешни работи во Скопје.

Според информациите добиени од Генералниот конзулат во Солун, кој е во редовна комуникација со болницата каде е хоспитализиран повредениот од вчерашниот инцидент во Халкидики, повредениот е во стабилна состојба и е надвор од животна опасност, стои во соопштението на МНР.

Оттаму додаваат дека дипломатско-конзуларната мрежа на Македонија во Грција е активна, и покрај редовните известувања, стои  на располагање и за евентуални потреби на нашите институции.

Според информациите добиени од Министерството за внатрешни работи на Македонија, во делот на оперативната соработка веднаш по вчерашниот настан службите на двете земји се во постојана комуникација и разменуваат информации во полза на истрагата и расчистување на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ