сабота, 27 јули 2024

Грчкиот министер за одбрана: Војската мора да биде спремна за крајот на владеењето на Ердоган

Грција мора да ги подготви своите оружени сили за можната нестабилност по завршувањето на последниот мандат на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, изјави вечерва грчкиот министер за одбрана Никос Дендијас.

ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Што ќе се случи со Турција кога ќе замине Ердоган? Не знаеме. Турција не е статична земја“, кажа Дендијас за грчкиот дневен весник Катимерини.

„Секогаш постои нестабилност кога ќе се наследи моќен лидер со долг стаж… Тоа значи дека ние мораме да бидеме спремни пред 2030 година“, кажа грчкиот министер.

Според него, Грција е опкружена „со многу извори на нестабилност кои бараат модерни оружени сили“.

По годините тензии околу миграцијата, енергетските права и суверенитетот над Егејско Море, Грција и Турција ги продолжија разговорите на високо ниво минатиот месец, за време на посетата на Ердоган на Атина, негова прва од 2017 година.

Грција има голем буџет за одбраната и нарача борбени авиони Ф-35 од американско производство, француски борбени авиони „рафал“ и фрегати „белхара“ за повеќе милијарди евра.

Дендијас кажа дека во грчката воздухопловна индустрија постоела „дисфункција со децении“, дека на воздухопловството му недостигаат транспортни авиони и најави дека Атина сега дел од својот буџет за одбрана ќе го намени за оружје од грчко производство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ