четврток, 23 мај 2024

Грчки воен брод пресретна дронови на Хутите во Црвеното Море, еден е уништен

Грчки воен брод во служба на поморската мисија на Европската унија во Црвеното Море пресретна две беспилотни летала лансирани од јеменските милитанти Хути во правец на комерцијален брод, соопштија во четвртокот претставници на грчкото Министерство за одбрана.

Фото: Википедија

Објавено на

часот

Сподели

„Во четвртокот наутро грчката фрегата Хидра, додека придружуваше трговски брод во Аденскиот залив, собори две беспилотни летала“, изјави претставник за Ројтерс.

„Едниот дрон е уништен, додека другиот се оддалечи“, додаде тој. Друг претставник на одбраната ги потврди деталите за инцидентот.

Грција ја стави на располагање фрегатата на мисијата на ЕУ, наречена Аспидес (Штитови), започната во февруари како помош во заштитата на клучниот поморски трговски пат од нападите со беспилотни летала и ракети на Хутите поддржани од Иран, кои велат дека целат комерцијални бродови како одмазда за израелската војна во Газа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ