сабота, 27 јули 2024

Грчки суд ослободи 16 хуманитарни работници кои им помагале на мигранти

Судот во Грција во вторникот ослободи група од 16 хуманитарни работници и доброволци од обвиненијата поврзани со нивните напори да спасат мигранти кои пристигнувале со мали чамци од соседна Турција во опасни временски услови.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Судењето на источниот остров Лезбос за шпионажа и други обвиненија го привлече меѓународното внимание, при што групите за човекови права ја обвинија Грција дека ги таргетирала обвинетите поради нивната хуманитарна работа.

Иако бројот на пристигнувања на мигранти е намален во последниве години, Лезбос сè уште е главната точка за пристигнување на мигрантите кои бараат подобар живот во Европа. Во вторникот, грчката крајбрежна стража соопшти дека две лица загинале кога мал брод со мигранти се искршил на карпестиот брег на островот во текот на ноќта за време на бура. Се вели дека 57 преживеани успеале да стигнат на копното, а едно лице се води за исчезнато.

Судската одлука во вторникот уследи по предлогот на обвинителството да ги ослободи сите 16 обвинети, изјави за Асошиетед прес еден од бранителите, Харис Пецикос. Ослободени се 16 обвинети од обвиненијата за шпионажа и помагање на криминална организација.

„Обвинителот јасно кажа дека нема докази дека некој од обвинетите направил нешто незаконско“, рече адвокатот. „И судот се согласи“.

Сите тврдеа дека не направиле ништо друго освен што им помагале на луѓе чии животи биле во опасност на море.

„Овие обвиненија никогаш не требаше да бидат покренати“, им рече Пецикос на новинарите пред судот.

„За жал, ова е уште еден случај каде акциите на солидарност кон бегалците се криминализирани и тоа на многу груб начин за луѓето за кои станува збор“, додаде тој.

Меѓу 16-те лица на кои им се судеше во вторникот не беа двајца странски доброволци – Сиријката Сара Мардини и Германецот Шон Биндер, кои пред една година беа ослободени од обвинувањата. Тие беа обвинети и уапсени во 2018 година и поминаа повеќе од три месеци во затвор пред да бидат ослободени.

Поранешната бегалка Мардини е пливачка натпреварувач чија сестра Јусра Мардини беше дел од пливачкиот тим на бегалци на Олимписките игри во 2016 и 2021 година и за неа беше снимен документарен филм.

Сепак, тие и другите 16 сè уште би можеле да се соочат со други потенцијални кривични пријави, вклучително и олеснување на илегалната имиграција и перење пари. Пецикос рече дека е уверен дека сите тие ќе бидат ослободени од преостанатите обвиненија, доколку дојдат пред суд.

Лезбос беше во фокусот на мигрантската криза во 2015 година, кога речиси милион луѓе кои бегаа од војна, репресија или сиромаштија пристигнаа во Европа, а голем број грчки и странски хуманитарни работници беа таму за да им помогнат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ