сабота, 27 јули 2024

Грчки министер: На ЕУ ѝ се заканува бран мигранти, особено ако луѓето го напуштат Египет

Европската Унија се соочува со ризик од ненадеен наплив на мигранти кои бегаат од војната меѓу Израел и Хамас, изјави денеска грчкиот министер за миграција Димитрис Каиридис и повика на будност и поголема солидарност меѓу земјите-членки.

Објавено на

часот

Сподели

„Секогаш постои ризик ако нестабилноста на Блискиот Исток се прошири, а особено ако соседните земји, како Египет, кој има многу големо население, се вовлечени во неа. Тогаш работите можат да станат многу сериозни“, рече Каиридис.

„Треба да бидеме внимателни, ние како Европа мора да бидеме заедно што е можно повеќе. Мора подобро да ги чуваме границите, да се бориме против криминалните мрежи на шверцери на луѓе и да ги вратиме оние кои нема да добијат право на азил“, нагласи грчкиот министер.

Според него, на европскиот блок му е потребен нов пакт, алудирајќи на договорот меѓу Турција и ЕУ од 2016 година за спречување на приливот на мигранти.

Каиридис во понеделникот беше во Анкара, каде што разговараше со турските официјални претставници како да се намали бројот на пристигнувања на мигранти во неговата земја.

Во време на голема загриженост за безбедносната состојба поради конфликтот меѓу Израел и Хамас, Каиридис посочува дека Грција, по смртоносните исламистички напади во Белгија и Франција, тој ги води дискусиите во Унијата за повеќето депортации и враќање на мигрантите.

Тој се осврна на случајот со тунискиот џихадист, одговорен за убиството на двајцата Швеѓани минатата недела во Брисел, кој илегално престојувал во Белгија бидејќи му било одбиено барањето за азил.

„Овде гледаме неприфатлива ситуација, не е важно дали вашето барање е одбиено или прифатено, вие сепак останувате во Европа. Трошиме тони пари и ресурси за да ги разгледаме овие барања, но на крајот сето тоа се претвора во потсмев“, беше остар Каиридис и повика на заеднички европски механизам за враќање.

„Само обединета Европа може со стап и морков да ги натера земјите од каде што потекнуваат да ги примат своите граѓани. Грција не може сама. Белгија не може сама“, заклучи грчкиот функционер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ