петок, 26 јули 2024

Грчката војска е во состојба на готовност поради настаните во Израел

Советот на грчката влада за државна безбедност (КИСЕА) се сретна вчера под претседателство на премиерот Киријакос Мицотакис.

Објавено на

часот

Сподели

Тие се сретнаа за разгледување на „терористичкиот напад на Хамас во Израел и состојбата во Појасот Газа и нивните ефекти врз Грција и поширокиот регион“.

Портпаролот на грчката влада Павлос Маринакис кажа дека се разгледани и информации за репатријација на државјаните на Грција од Израел во координација со министерството за надворешни работи.

Напомена дека атинскиот аеродром „Елефтерос Венизелос“ е еден од четирите во Европа кои опслужуваат репатријациски летови од Израел од странски државјани.

„Грчки власти се претпазливи. Политиката на чување на копнените и морските граници продолжува со намален интензитет“, кажа Маринакис.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ